Во периодот од 15.09.2020 – 30.10.2020 агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД по четврти пат го спроведе истражувањето “Преферирани маркети и најпознати брендови според потрошувачите во С.Македонија” од кое се објавуваат и ТОП 3 Маркети. Оваа година за разлика од претходните, се изработи дел за најпознати брендови во категорија според потрошувачите одкои што ќе се објавувааат “Најпознати брендови според потрошувачите 2020-та година”. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава . Потрошувачите одговараат на прашањето “Кој е за Вас напознат бренд во категоријата Х?” според кое се прави и самото рангирање на производите. Анализата вклучува повеќе од 200 брендови, домашни и странски кои се поделени во 17 категории на производи.
Конкуренцијата помеѓу компаниите е многу интензивна. Компаниите е потребно да имаат информација каде се позиционирани нивните брендови во “свеста” на потрошувачите што ќе овозможи оптимизација на маркетинг активностите и унапредување на целокупното работење. Истражувањето има за цел да ги определи генерално најпознатите брендови за домашните потрошувачи, разликите според демографските карактеристики како просечен месечен приход, возраст, социјален статус и регион но и да определи дали се преферираат домашни или странски брендови.
Категориите кои беа одредени за релевантни за истражување се : Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Кафе, Минерална вода, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Цигари, Тоалетна хартија/Салфети, Детеренти/Омекнувачи/Прашоци за перење и Шампон за коса.

Информации за извештајот:
ИЗДАВАЧ НА ИЗВЕШТАЈОТ: ИНСАЈДЕР ИД ДООЕЛ
Датум на издавање: 15.11.2020
Број на страници: 11
Цена за извештајот: 3,000 денари (без вклучен ДДВ) / категорија
Напомена: Можете да направите порачка на извештајот преку следната форма. Во најскоро време ќе ве контактира вработен од Симулакрум за потврда на податоците и доставување на про-фактура. Извештајот ќе биде доставен по прием на уплатата.
Прочитајте ја нашата политика за приватност.