Извештајот за осигурување се состои од два извори на податоци се со цел да овозможи комплетна слика за состојбата на осигурителниот пазар во Македонија. Направена е обработка на официјалните податоци за осигурителни компании на пазарот и нивната позиција според бруто полисирана премија. Дополнително, се обработени податоците согласно теренското истражување врз 1200+ испитаници (корисници/некорисници) за значењето на осигурителни услуги во Македонија и нивната перцепција за осигурителните компании на пазарот.

Бенефити од истражувањето

За сите учесници на страната на понудата на осигурителниот пазар е значајно познавање на перцепцијата на моменталниот но и потенцијалниот клиент. Износите на бруто полисирана премија се показател за успешеноста на одредена осигурителна компанија но исто така значајна е и перцепција на корисниците при препознавање на брендот како успешен и исполнителен во својата работа. Извештајот нуди и преглед на главните причини зошто испитаниците не користат осигурителни услуги што преставува основа во градење на стратегијата за привлекување на нови клиенти.

Извештајот дава одговор на следниве прашања:

  • Која е најдобрата осигурителна компанија според испитаниците?
  • На кој начин осигурителните компании можат да привлечат нови клиенти (осигуреници)?
  • Кој вид на осигурување има највисок потенцијал за продажба на македонскиот пазар?
  • Кои групи на потрошувачи се најмалку лојални клиенти и кои се главните причини?

Информации за извештајот:

ИЗДАВАЧ НА ИЗВЕШТАЈОТ: СИМУЛАКРУМ ДОО

Датум на издавање: 20.11.2020

Број на страници: 18

Цена за извештајот: 3,000 денари (без вклучен ДДВ) / категорија

Напомена: Можете да направите порачка на извештајот преку следната форма. Во најскоро време ќе ве контактира вработен од Симулакрум за потврда на податоците и доставување на про-фактура. Извештајот ќе биде доставен по прием на уплатата.

Превземете ја содржината: линк

Прочитајте ја нашата политика за приватност.