facebookreportpromotion

Во текот на 2020 година е спроведено теренско истражување на потрошувачите за нивните навики при користење на социјалните мрежи. Извештајот за Фејсбук е еден од серијата на извештаи кои се планирани за мапирање на онлајн однесувањето. Истиот се состои од неколку дела каде се обработуваат генерално податоците за интернет употреба во Македонија, генерален но и сегментиран потенцијален досег на Фејсбук корисници (според пол, возраст, регион), интензитет на употреба на Фејсбук согласно различни демографски типови на корисници, значење на Фејсбук за македонските корисници и анализа на потрошувачкото онлајн однесување.

Бенефити од истражувањето

Доколку маркетинг менаџерите и дигиталните маркетери располагаат со прецизна слика за распоредите на активните корисници на Фејсбук според различни карактеристики (регион, пол, возраст) истото би овозможило оптимизирање како на вкупните маркетинг буџети на компаниите така и на финансиските буџети конкретно издвоени за рекламирање преку Фејсбук.
Извештајот дава одговор на следниве прашања:
• Кои групи на потрошувачи се најактивни корисници на Фејсбук?
• Кој социјален медиум има најголемо значење за македонските потрошувачи?
• Колкаво е значењето на Фејсбук за различни демографски групи на потрошували?
• Дали и колку се разликува влијанието на маркетинг активностите на компаниите преку Фејсбук врз различни групи на потрошувачи?

Информации за извештајот:

Датум на издавање: 22.10.2020

Број на страници: 21

Цена за извештајот: 1,800 денари (со вклучен ДДВ)

Напомена: Можете да направите порачка на извештајот преку следната форма. Во најскоро време ќе ве контактира вработен од Симулакрум за потврда на податоците и доставување на про-фактура. Извештајот ќе биде доставен по прием на уплатата.